на (предл.) - осама (имн.)

Во кое го минувавме незаборавеното лето, чија светла предаденост нѐ крепи во часовите на осама.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Погледнете ѝ во очи на осамата Погледнете ги слабоста и мааната Посакајте ги совеста и доблеста Не е животот чаура тесна Ниту енигма за вас прелесна Улогата ваша никогаш до крај не е доиграна Не поклонувајте се пред време Завесата сѐ уште не е спуштена Сѐ уште не сте спремен Да чекорите без трема Да излезете од закоравената лушпа Во која со векови се дреме...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Тој не беше човек кој немаше навикнато на осама, но сепак - тој тоа сега го открива - едно вакво живо суштество, суштество какво што се покажуваше неговиот, сега неговиот, грифон, Грифи, таа негова осама сепак не само што нема да ја нарушува, туку и не ја ни осиромашува...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
По патот што го отвораше зборот во сива небиднина Се рони веќе молкот бигорот набран в грло од око нечекано од кое блескал биљурот благ на љубовта Некогаш Се развева во разденот чемерот на осамата погледот дури се извива над мрачната шума на бидноста Свртено сѐ е веќе кон небесната роса на виделото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И оди тој И сега чекорот негов ги гази трњето патот на сонцето што го замрачува Пат од бигорот на осамата до осамата на зборот светот што го мисли и плоди И тие што чекаат среде гороцвеќе и птици Гласот му го препознаваат веќе што огрева во песната на неменливата радост Чекори и не се обѕира тој Сам да се биде и пак со сите истата ѕвезда на надежта што ги води По зорницата тој оди во несоницата на песната што наближува
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Во нејзиниот живот имаше повеќе празнини и денови на осама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)