Таквите хипотези, вон научниот контекст каде што како работни претпоставки во процесот на осознавање имаат неизбежна улога, но каде што исто така, барем начелно, можат и да се верифицираат, во овој случај не се ништо друго туку обичен интелектуален шкарт, нуспроизвод од третокласно необврзно муабетење.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Приклученоста за машините секако имплицира нова антрополошка констелација и нов тип на субјективно осознавање, втемелено во општото спознание.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Таа нова положба исто така пренасочува кон размислата за природата на осознавањето, неговите специфики и историчност, посебно поради тоа што постмодернистичката дилема и пресврт (замена на парадигмата) со право го релативизираат семоќниот дух (ум), неговиот непосреден примат над сетилното и (по општите претстави) од понизок ред сетилно осознавање.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Допирот во процесот на осознавање почесто делува во соработка со другите сетила, пред сѐ видот, затоа т.н. хаптично осознавање на тродимензионалноста е можно дури и при симулација на виртуелни тела, какви што се холограмите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сетилото за допир е прилично материјално, непосредно, исто така е и егзистенцијално сетило кое што има важна когнитивна функција (да споменеме дека детето ја осознава околината токму со допирање на предметите), но очигледно сè уште нема референт што одговара, значи предмет што би можел да се конструира во повисоко теоретско ниво на сетилното.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)