на (предл.) - панаѓур (имн.)

Празни се тезгињата на панаѓурот. Муви се збираат на нив, непродадените стомни жално светкаат на сонце, стојат како напуштени деца.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Две рала волови под јарем, коњ само за на свадби, за на панаѓури и за на пазар; седумдесет брави овци, четириесет брави кози, две крави молзници и двајца измеќари...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
СВЕТИ ТРИФУН I Ме затворија во манастир во црква ме затворија во осама ни дождот да ме мие ни виното ни плодот на надроченото сонце под овие ридја ме врзаа за ѕидот за тулата за варот со боите на ридот со воздухот на коштаните ме врзаа млад и ме нарекоа светец а јас лозите ги сакав и очите на селските моми на гроздобер на панаѓур на сведен.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Што буден недобуден, што сонлив недосонет, си ја влечкам снагата кон шталата, кон коњот и самарот, кон ситната стока што треба да ја носам на панаѓур во Виница.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Охридска каза; дека истото село, според пописот на Охридската каза, било одредено од турската власт како дервеџинско село што го чувало патот што водел од Охрид, преку манастирот Свети Наум, за Горица (денешна Корча), за Арнавуд Белгради (денешен Берат) и за Авлија (денешна Валона); дека манастирот му плаќал данок на господарот на Охридската каза Џеладин-бег; дека во одобрението на Цариградската Порта за градење на нов храм, стои оти манастирот е во Охридска каза, дека иконата на свети Архангел Михајло што е подарена од Влашкиот кнез Александар Наруци во 18 век стои: „На манастирот Свети Наум, Охридска каза; дека и други управувачи на Влашко: А.Апсиланти, М.В.Сукул, и К.Мирузи, кои сметале дека нивната земја порано била под духовно раководство на Охридската архиепископија, му подарувале подароци на манастирот како светилиште на таа архиепископија; дека во минатиот век, во манастирот по разни поводи (на прошетка, на панаѓур или на одмор) навраќале австрискиот, грчкиот и рускиот конзул, кои во писмата до своите влади го опишувале значението на овој манастир давајќи податоци дека тој се наоѓа во Охридска каза, Битолски вилает и дека манастирот имал големо богатство со кое го издржувал училиштето во него, а ги помагал и другите училишта во Охрид.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се изградиле нови конаци, чардаци, воденици, амбари за жито, казани за печење ракија, фурни за печење леб за манастирските монаси и многубројните измеќари, гости и сиромаси кои секојдневно доаѓале во манастирот и на кои бесплатно им се давало јадење; околу манастирот се изградиле и посебни конаци на богати верници христијани и муслимани кои повремено доаѓале во манастирот или останувале на панаѓурите кои се правеле кога славел манастирот и кои траеле по неколку дена; засадени биле нови лозја, а се зголемил добитокот со нови грла: овци, телиња, коњи, крави, волови, скопаци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога убаво израсна и мустаќот горделиво го пушти, а мајка му и татко му веќе беа се простиле пред бога, го пратија и на панаѓурот во Скопје.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Петре, ибн Бајко, иако манастирот беше, што се вели, не само близу туку поблизу и од трепката до окото, веднаш спроти Скопје, над реката Серава, а на ридот што се вика Вергин, одвај дочека да го пратат на панаѓурот со манастирските чоеци, па да слезе во градот како што тој милее, да слезе и да го разгледа градот што ти имал сто и дваесет чешми и сто и дваесет џамии, над четириесет меани и маала, себил анои и амами, за кои беше многу слушал.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Игуменот продолжи, кркорејќи од старечката кашлица: „Имај на ум и ова: секој што доаѓа на панаѓурот, било Грк, или Бугарин. или Србин, Латин, Арбанас, Влав, да ја плати законската такса.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Убав свети Ѓорѓија, туку тоа да се случи, а? Што ли немаше на панаѓурот - панаѓур како панаѓур, очите да ти истечат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Неколку дена подоцна, по една претстава во операта „Гарние“, тој доаѓа позади сцената да ја поздрави, да ѝ честита за прекрасниот настап и ја кани да одат на панаѓур на кој се слави празникот „мајски ден“ слично како во Америка, во едно мало, идилично место надвор од Париз. Таа прифаќа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Следниот ден станува најубавиот ден во нивниот живот: прекрасен светол, сончев мајски ден, во кој тие се забавуваат на панаѓурот, се шетаат низ расцутената природа, се смеат, танцуваат, пеат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Оние поединци кои го имаат посетувано училиштето за стравувања и стравотии или пак оние другине кои на панаѓурите навикнале да ги шетаат одаите на ужасите можат да се досетат како се чувствував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)