на (предл.) - пила (имн.)

И веднаш потоа целата просторија го фати ритамот на таа усвитена врвца на пилата, на нејзината судреност со дебелата сурова дрвена маса, понесувајќи го во него и последното зрнце пилотина, запнато за пајаџинките во горните ќошеви.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зборовите, остри како запци на пила, не стастуваат да ги престружат нишките на свеста, испредени до незаборавната младост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се радуваше на секој свој вистински заграб, на секое свое движење, исто како и на секое спуштање на онаа побеснета и на мигови чиниш до невидливост полетана плоча на пилата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зад мене сеќавам како шумоли реката што го дели Маказар на два дела и оттаму, преку, вчера се слушаше влечење на пила и ковање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А во средината, спуштена вертикално како заплиснат студен челичен болскот стоеше подмачканата плоча на пилата, целата исукана, како сабја од ножница, додека нејзините правилно распоредени запци, секој со по иглен врв на острицата, светкаа со по една ненаситна срчена светлинка, собирајќи ја во себе и усвитувајќи ја скржавата виделина на денот во своите илјадници одблесоци, за кои се чинеше дека ќе те испечат уште со самото тоа што ќе се обидеш да ги допреш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)