на (предл.) - подрачје (имн.)

Објава повеќе драми се случуваат во мигот на обраќање зборовите ги одгледавте но срцето неприпитомливо интимно тера по свое граѓани час е кога мораме да погледнеме во мисловните спреги од нив зависи тежината на зборот климата на подрачјето на душата обновата на смислата младоста граѓани час е да се свртиме еден спроти друг со силата на љубовта во име на огнот допуштам да се размножува симболиката на Дрвото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Или побуната е повеќе на подрачјето на изменетиот сензибилитет, против еден воспоставен и признат пејсаж што веќе нема одгласи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Меѓутоа, типот на деконструктивните прашања што на крајот на краиштата сакам да ги поставам и кој се однесува на границите на подрачјата, не може да биде изложен на иманентната критика на подрачјето.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Потоа се сретна со Комисијата, и им ја кажа целта на своето доаѓање; им кажа дека е испратен од Владата за да ги пренесе нејзините ставови со кои се инсистира Комисијата во својата работа да ги има предвид историските, националните, етничките, културните, верските и јазичните карактеристики на Подрачјето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Имено, одредба- та според која паричниот надоместок не може да изнесува помалку од 80% од висината на загарантираниот личен доход на подрачјето на 71 дотичната општина е заменета со одредба дека надоместокот не може да изнесува повеќе од просечната месечна нето плата по работник во нестопанството (чл. 26, ЗВ и чл. 68, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но она што навистина претставува преломен чекор во ни од далеку доволно истраженото поле на сексуалното уживање, се истражувањата на подрачјето на квалификацијата на материјата што го предизвикува половото возбудување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)