на (предл.) - подружница (имн.)

Од работењето на подружницата, права и обврски стекнува трговското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во одлуката за организирање подружница се наведуваат фирмата и седиштето на основачот, предметот на работење на трговското друштво и на под- ружницата, шифрата и називот на одделот и групата на дејностите според НКД и лицата во подружницата овластени за застапување на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Подружницата престанува ако надлежниот орган на трговското друштво што ја организирал донесе одлука за престанување на подружницата или ако трговското друштво престане да постои.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Подружницата нема својство на правно лице.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Подружницата може да ги врши сите дејности од предметот на работење на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)