на (предл.) - поило (имн.)

Оние излезените во полето по работа, се сретнуваа на кладенците, на поилата за добитокот, каде што намерно одеа да киснат `рженица за јажици, на бунарите во бавчите, во колибите по бостаните и итро избегнувајќи да се определат за едната или за другата страна си докажуваа едни на други дека кога-тогаш меѓу скараните ќе дојде до отворено крвопролевање, а оние, што беа останати во селото, редовниците, старите и болните, за неа дознаа од децата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откако го растргна последното диво јаре на поило, дури отаде планина, се како опусте наоколу. неколкупати оттогаш се искрадуваше од својата јама, дење итро и претпазливо, ноќе скриена во мракот и послободна, но не најде трага на ниедно животно. млекото ѝ секна, лутите чеда, недостасани за крв, ја кинеа со гласни писоци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Почина малку, задржувајќи ја мислата за пушката подгреана, па стана и појде да го пушти добитокот на поило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан не мислеше толку рано да го пушти добитокот на поило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Затоа ќе покушам емоционално да ги ставам на куп: „Читачката“, „Зимска ноќ“ и „Коњи на поило“, плус таписеријата на полугола риба со лелеава плетенка вешто сплетена од три клопчиња дебел мохер.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ѕвезда го шета сѐ додека питомо не ја спушти главата врз нејзиното рамо. Тогаш го води на поило.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Потоа го виделе челникот исправен над неподвижен труп и со крвава сабја в рака. Им викал нешто.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш истрелите се згуснале - на пресигурните преостанати петмина војници или одметници удриле отстрана оние што биле со говедата на поило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како извор како глечер што под карпата се буди Искачен на лесни нозе а со копита од кремен Облак пенлив што го знае секој камен секој срт А по дното на поилото само еднаш кај ќе згазне растат млади месечини.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но не спомна која патека низ срцето врви и каква река тече таму и кој дивеч доаѓа на поило.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)