на (предл.) - полица (имн.)

Како дар од нејзините жители и од Акиноските, понесе пет канти со мед, пет канти со овча маст, толку со сирење и восок, неколку јунци и повеќе шилежиња - за да има пресно месо до дома, до Константинопол, а како спомен од себе, покрај двете смртти на браќата Акиноски, го остави и она одликување кое во домот на Акиноски, во едно дрвено ковчеже, заедно со други семејни реликвии, на полиците во гостинската одаја се чуваше до целосно пропаѓање на Имотот, во времето на распуштањето на колективите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еден старомоден стаклен часовник, со бројчаник разделен на дванаесет часови, отчукуваше на полицата над каминот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со невешта насмевка на виновник, ги враќа на полицата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На полицата ја сместив и кутијата со колачи што ми ги припреми мама пред моето поаѓање за Париз.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На полици книги во преврска златна Редом наредени стојат, Книги с хилјадници на душа му матна Жл'чка му кревајат и јад.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Извитканите фотографии на кои стоиме заедно со дедовците на брегот, Крстот од своето дрво на полицата, Заклучените долапчиња во гостинската одаја, ’Рѓосаниот меч фрлен во градината, Мистрија на мајсторот, Големите бајраци што ги оддиплуваа на свадбите, Огновите летна ноќ в планина, Шкрипењето на портите рано во сонот, Третото венчавање на старецот од соседната улица, Првата прелага на вереничкиот прстен, Пладнето кога заминуваа некаде војските, Сѐ, сѐ некако одеднаш исчезна,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Влегоа во гостинската одаја со долга трпезна маса и столбови од резба, шарен ткаен килим на подот, ѕидана печка во ќошето, тесни прозорчиња со бели платнени пердиња собрани на средината со ширит и запнати за рамката од прозорецот да влегува повеќе светлина; на челниот дел од одајата иконата на свети Наум со запалено кандило; на едниот ѕид стара слика на манастирот; на средината од масата свеќник со свеќи; на полицата над масата газјена ламба од бел порцелан.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Фројд би имал објаснение за ваквото држење, но не кревам поглед кон неговите дела десно на полицата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тенџерињата и тавите што блескаа, чиниите што беа сместени во шпајзот за порцелан, редиците чаши што беа на полиците, сите предмети во кујната, во трпезаријата и во гостинската соба, изгледаа како да знаат дека се сместени таму затоа што Кети сакала да бидат таму.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Триеше со раката по рабовите, постепено бришејќи со крпата, до шишето со виски што го крена и со намерна отсутност го врати на полицата зад шанкот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Срцето ѝ се насладуваше од зачудувачката виталност на лубеничето, зашто тоа растеше толку брзо така што речиси можеше да види како лубеничето дрочи пред нејзините очи, исто како и лебот, што мајка ѝ имаше обичај да го стави на полицата над шпоретот за да нарасне пред да го стави да се пече.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Двајцата слатко се изнасмеаја, а потврдата ја чуваат во еден тефтер со кожени корици, на полицата со другите книги. . . .
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
СИМКА: (Млада, бујна девојка внесува од другата соба миени садови и ги реди на полица во долапот).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ослушкувај како на полицата над твојот кревет будилникот ги отчукува чекорите на времето.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Дните поминуваат, но книгите, книгите, Антоњина Павловна, остануваат на полиците, и големото дело на кое вие без да барате за себе корист му служите, навистина е големо и обилно, и секој ваш ред ѕвони и одѕвонува во нашите умови и срца со вечен рефрен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сега фрли ја на полица, на таван, вели, кај сакаш сега фрли ја, нека ти ја јадат глувци, вели, нека ти ја дупат молци, нека ти фаќа пајажина!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Момчето се засрами: Парацелзус е шарлатан или обичен визионер, а тој, натрапник, му влезе низ врата и го натера сега да признае дека неговите познати магиски вештини се јалови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Остро ја дофати пурпурната роза што Парацелзус ја имаше оставено на полицата и ја фрли во пламенот. Бојата исчезна, и остана само малку пепел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)