на (предл.) - порта (имн.)

Колку и да се тешевме со мајчината изрека дека заедничката несреќа е помала несреќа, на портата на нашата куќа тропаше сигурно смртта. Таа овој пат го повикуваше семејството, Козар маало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако некој поткажал, сигурно не ќе доцнат да тропнат и на нашата порта, на портите од сите куќи на маалото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вака сѐ мораше да се решава во големата душа и намаченото тело на мајка ми, таа света заштитница на портите на откорнатичкото семејство кое го имаше проклетството Балканот да му биде татковина...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога пристапија до портата, граѓанинот цврсто ја тргна железната алка од портата и со растојание чукна на портата трипати по три.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пискулиев си е малце женска Петра, тој и дома излегуваше често на порта и правеше муабет со жените.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Што не се зборува на порта, какви не празни прикаски се кажуваат?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Така ми се чини — одговори затресена таа и почна да шетка низ малото ходниче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го позна Алекса, та без да испушти ни збор, ја отвори едната пола и овие влегоа, a по нив портата се затвори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На портата од Алимасковци се слушнаа три одмерени удари... а преку дворот женски налани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бабата се заврте назад и сакаше да влезе во одајата, каде што се смееја Шаќир и Ѓуро, но тие веќе беа нарипале од тропањето на портата, а гласот од чаушот ги запрепасти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Веднаш ќе ве упатам на потребата од отворање на портата на друг медиј, кој било, кого што дури можеме да го наречеме автореференцијалност или рамка.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На портата се покажува Никола, осумдесетгодишен старец, наметнат со широк густо плетен црн џемпер.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дните им се чинеа години. Зимата тропаше на порта, а едно ли требаше дома да се однесе?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Сигурно таа не мигнала. Секој миг излегува на порта, да види дали доаѓам...“ - си мислеше Андон за жена си Вита и брзо грабеше напред.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Извитканите фотографии на кои стоиме заедно со дедовците на брегот, Крстот од своето дрво на полицата, Заклучените долапчиња во гостинската одаја, ’Рѓосаниот меч фрлен во градината, Мистрија на мајсторот, Големите бајраци што ги оддиплуваа на свадбите, Огновите летна ноќ в планина, Шкрипењето на портите рано во сонот, Третото венчавање на старецот од соседната улица, Првата прелага на вереничкиот прстен, Пладнето кога заминуваа некаде војските, Сѐ, сѐ некако одеднаш исчезна,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Признавам дека тебе кога сум те почул не ми излегло ништо лошо. (Чукање на портата). Кај нас некој како да чука?...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И потоа го замислував како да го слушав како малку фалбаџиски им раскажува на луѓето сред село употребувајќи ги зборовите што сега јас му ги ставав в уста: "Бурнав на портата кај него, како секогаш без теклив, да влезам кај братучедот Методија, ама портата однатре затворена, а и резето однадвор не е ставено.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Околу колата и околу нив дотрчале многу бугарски војници и офицери, но и тие, кога ја виделе бомбата и кога дознале дека не е експлодирана, пцуејќи ги Ѓорета и мајка му и нарекувајќи ги Мрсници се разбегале на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стражарот кој старжарел на портата на касарната, бугарски часовој, кога дошол за да ја претресе колата, која ја видел бомбата, се исплашил силно и трипати едноподруго пукнал во воздух.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Играа, пееја, со вода од кладенецот, што ја црпеа со лејки, со бардињата што ги понесуваа од дома и кои како и момите беа закитени со маслинови гранчиња, со полски каранфили и црвени рози но и со плодови од цреша, со одмиваа - за здравје, за среќа и за личнота, На пладне се враќаа во населбата на ручек, а во бардињата понесуваа вода, од Кладенец, која не ја пиеја; ги затнуваа бардината и ги чуваа на темно и студено, сè додека не се исушеа гранчињата, цвеќињата и црешите на нив, а тогаш, кога тие ќе се исушеа, пред изгрејсонце, во недела, чупите ја истураа водата на куќните прагови, на портите, пред пондилите и трлата и на крстопати - овој пат за здравје, напредок и личота на домазлакот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Знаеш ли колку е голема маката кога на порта ќе ставиш катанец без надеж дека наскоро ќе го тргнеш?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред олтарот, лак од густо златна светлина во вид на порта пред која стои свештеникот, запираме.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Започнаа луѓето од лично полично да ги закопуваат умрените: на секој погреб свиреше музика; кога ќе писнеше таа, кога ќе зајачеше тажно, целото село излегуваше надвор: застануваа луѓето на плотовите, на чардаците, на портите и слушаа, слушаа олцкајќи и бришејќи ги очите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Само се погледнаа, застанати на портата, а после тој го пушти и старецот без да го покани, отиде под тремот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сам со себе ќе се изедам! (се слуша јако и непрекинато чукање на портата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Така ни порача мајка ти. (Се слуша чукање на портата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ПАРЕ: Така, касмет, зарем за да не ни излезе некој лош збор. (Пак чукање на портата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Настанува гробна тишина. Пауза. Повторно чукање на портата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таа ѝ раскажала дека продолжила да ѝ носи цигари на Марија секогаш кога можела, па дури и решавала и некакви итни непредвидени работи, сè додека еден ден не ја нашла болницата во урнатини, разурната како лош споменик на тие неблагодарни времиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сатурн се откажа, но и понатаму на портата од болницата оставаше кутии цигари, без да знае дали Марија воопшто ги добива, сѐ додека не ѝ се покори на суровата реалност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На портата еден мил лик со големи, многу длабоки очи, сини, чисти, најубави очи нѐ пречекуваа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Свртуваш лево, потоа десно, и повторно лево. А на портата и недостига горната попречна греда“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Следеа денови на беспомошност. Стравови од секое тропнување на портата...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Бојана Жиовката излегла на портата да го побара Толета, и кога ја виде Доста. застана да се видат и полафат, почнувајќи прва: — Мори, каде вака, другачке, со вурката за поас?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот Петко слезе дури на портата од Илка. Слегувајќи, затропа со ластегарката и од дома дотрча невестата Митра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нели велиш да се предадеме, еве, нека биде на вашето, само – бесата бес! – и почна да чкрапа клучот на портата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тропна со железото на портата и бргу слушна глас одвнатре: – Кој е? – Јас сум, Сефедине – му се кажа кадијата на својот домашен слуга, Сефедина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така нѐ тешеше Мајка во тие денови кога немаштијата и гладот чукаа на портата од нашата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најстариот војник, сигурно беше командир или водач на групата, затропа на портата. Отворив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Застана пред портата на својот истоименик и забележа дека Едо не го ставил резето на портата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа се протна низ подотворената пола на портата, ја испешачи патеката до влезниот и се најде на терасата пред двокрилната дрвена врата на која беше одвај распознатлива некогашната сина боја на која некрологот поставен и тука делуваше како новина на куќата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не мина многу и чу ропот од внатрешната страна на портата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Ќе почукаш на портата - продолжи Горјан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Трајче одеше надолу по улицата и ги загледуваше броевите на портите. Го најде и бројот 125.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ваквите гледања на тетка Боса јас си ги објаснував како рефлексии на оној настан што веќе го спомнавме кога прежалениот мртовец, Благоја, наеднаш ни тропна на портата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тогаш Бошко Манев излезе на порта со својот побратим Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Некој внимателно, чиниш не сака да чуе никој друг, тропаше на порта.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тропањето на портата, сега малку посилно, се повтори.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бев вчудоневиден. На портата стоеше еден поп, со левата рака како истргана наназад.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сестра ми ќе го чекаше на портата и ќе викаше: Ајде тате дојди, донеси ми бомбонче, додека јас си велев – е, блазе ти стебе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога ќе затропаше некој врз клепалото на порта, таа веќе не брзаше низ авлијата за да ги тргне канџата и резето, - тоа сега го правеше робот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако надежта што му ја даде попот Ставре, беше надеж на болен кој кога-тогаш ќе оздрави, тагата на Марко, како клепало на порта, везден го потсетуваше дека е сардисан.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)