на (предл.) - починатиот (имн.)

Но внимавајте, не како начин да се откупи – ниту Сем Галовеј, ниту некој друг од вистинските трубадури не беа директни наследници на починатиот Томи Такер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На почетокот им ставаше крст, на кој со мастилав молив ги пишуваше имињата и презимињата на починатите, но откако еден од оние од џипот му се изнавреска пред луѓето дека е контра и дека со крстот го погани црвеното знаме на револуцијата, Пандо гробарот, така го викаат и само така го познаваат луѓето, си го скри изгризеното моливче, што го имаше украдено од офицерската чанта оставена во џипот, се затвори во себе и само кога го поздравуваат, одговара: копам, закопувам...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Семовиот репертоар се состоеше од педесет и пет смешни приказни и околу триесетина или четириесетина песни. Но, по никоја цена не запираше тука.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Марјан…, Станко…, Бојан… Ги читаше имињата на починатите и чекаше, со телефонот на уво, да му кажат од другата страна на линија кој починат кога ќе биде донесен во погребалното.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)