на (предл.) - правдина (имн.)

Господи, сполај ти на правдината што си ни ја подарил, липав во себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го убија стрика Анѓела, на правдина, се провикнува наеднаш и наеднаш замолчува, ги гледа луѓето измрзнати, лути и завеани, и сам изѕемнат, лут и сиот завеан со снег и се двоуми дали да продолжи да зборува и да им го каже тоа што го има на душата, што му е, што му тежи на срцето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зло предизвикување: „Дојди, земи ни го. На јамкава можат и двајца да висат.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе дојде време ќе се знае вистината: дали сум или не сум рака на правдината.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)