на (предл.) - правец (имн.)

Менувањето на правецот на ветровите и притисоците на воздухот, заедно со ненадејното пореметување на температурата, таа нејзина брановидност, ја чинеше недопирлива.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
По цел ден нешто делкаше, црташе, ги испишуваше видовите камен или го набљудуваше течението на правецот на Жепа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Прашањата од нивото на акција ги поттикнуваат индивидуите да пронајдат посебни излези за редоследот на настаните кои се одвивале со текот на времето во согласност со главните теми. 48 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Стоејќи на една нога и обидувајќи се да постигне совршен баланс, како што тоа го прават чапјите и фламингото, со раце испружени на правците Исток - Запад, се надеваше дека конечно ќе биде допрен од раката Божја, токму на ова место, зашто ако не овде, сигурно немаше никаде.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Прашањата од нивото на свесност ја охрабруваат индивидуата да го изрази и да го определи значењето на правците на развој кои се случуваат во нивото на акција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Всушност, најголемиот дел од правците во современата филозофија, кога станува збор за односот меѓу духот и телото, се насочени кон обидите да се реши или делумно надмине проблемот што постои.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тука пред сѐ мислам на правците како: аналитичкиот бихејвиоризам, феноменологијата, лингвистичката филозофија, современите движења во филозофијата на духот, когнитивната филозофија, физикализмот и голем број други правци карактеристични за филозофијата на 20-иот век.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најнапред накосо преку Жепа набија во земјата тешки борови греди и меѓу нив два реда колци, ги преплеткаа со праќе и ги натапкаа со иловица, како шанец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)