на (предл.) - пратеник (имн.)

Бидејќи по природа комуникативен, натпросечно за својата средина, на Миха му беа малку контактите со домашните, со колегите, пациентите и студентите, па бараше соговорници во театарските бифиња, во Клубот на писателите и Клубот на новинарите, одбегнувајќи го сѐ повеќе Клубот на пратениците, но затоа пак не му беше зазорно да наврати во некое маалско кафуле.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа ги задржаа и му дадоа написмено на пратеникот дека ги примиле.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Колежите престанале другиот ден по ултимативната телеграма испратена до султанот од страна на пратениците на големите сили.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)