на (предл.) - претек (имн.)

4. Меѓусвет: габи Нивните форми ни сраснуваат за погледот и се огледуваат, привидни призраци, во воздухот: чадорчиња затворени со сласна слузокожа во бела мека лека обвивка памучни жизнерадосни белутраци млечни фереџиња повлечени, со тек на време како лажни ветувања демодирани манири на постоење; дволики појави, многуглави ламји - сенките предвреме да се насетуваат со флуид на влекачи и глодари за да биде кошмарна прошетката да има наезда на невестулки да има сѐ на претек: царски ѓубрарки, сончарки или „кукмарки“ (име за сѐ!) галапки, пупавки, млечки, рујни рујници јајчарки со боја на манго на папаја, јапонско лале или јаболко летни вргањи распукани како петици како суводолица збувнати небаре херпес по грозница.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сурово природни затекнати во немајкаде онемени, од вџашеност побелени можеби од премногу живот и дарба можеби од премногу набожност, паганска или премногу смрт, нагла, неправедна само се наѕираат - маргина до маргина диск до диск за вчитување на изгубеното аз, буки, веди, глаголи, добро ест живете... алфа, бета, гама, делта... алеф, бет, гимал, далет... сличности на претек претци а, наоколу по којзнае кој пат преродена исчезнатата флора риган, рик, реа ни смртта не е вечна, ни смртта!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Бидејќи имаше време на претек, тајно, без знаење на Рада, веќе ги беше купил венчалните прстени кои секогаш ги носеше со себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И почнаа да јадат, да пијат и да одмораат по долгата, напорна летна работа. Храна имаа на претек.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)