на (предл.) - претпоставка (имн.)

Врз основа на претпоставките операцијата требало да започне во првите денови на септември.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Националниот идентитет се потпира на претпоставката за меѓународно признати вредности, но во денешниот свет на брзи промени и испревртени поими, тешко е да се држи чекор со времето и истовремено да се остане на веќе постоечките вредности.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нејзиното нуркање во длабочината на претпоставките ја грчеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Заседите на претпоставките за непознатиот дел на неговиот живот демнеа од секоја куќа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во тој миг тајната што можев да ја откријам, засекогаш стана недостапна за мене, до денот кога го нудам овој ковчег со дел на некакви тајни - отворете го или останете им првиврзаник на претпоставките.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа движење се темели на претпоставката дека информациската технологија ќе овозможи пронаоѓање на вештачка стварност, којашто за основа ќе ја има нашата претставувачка моќ (моќ за создавање претстави).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но таква светлост народецот на вилаетов не познавал и не мислел или не се надевал дека ќе дојде еднаш, дека ќе шурне незапирливо од море или ќе се спушти од планински врв да ги облагороди со утеха и тревите и луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што можело да се случува во тие девет векови и не ли било време севдето на претпоставките да про'рти?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
6 На претпоставката на Митрев директен, потврден одговор дава самиот Живко Чинго во едно интервју: „Уште од најраното детство имав можност од устата на татко ми кој во месноста важеше за еден од најдобрите раскажувачи и пејачи, да чујам огромен број приказни, потоа секакви кажувања за „животиштето“.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)