на (предл.) - прибор (имн.)

Преживуваше зобајќи ги со гадење затворските дневни оброци со помош на приборот закачен за дрвената маса, додека погледот постојано ѝ беше закован за литографијата на генералот Франциско Франко, која од височина владееше со мрачната средновековна трпезарија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Законски статус: законски е казнива употребата на оваа дрога, честата посета на места каде што се пуши опиумот, како и поседување на прибор за употреба или производство на опиумот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Двајца мажи седат на масата, работејќи, со главите наведнати.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На крајот на краиштата, и самите доктори ѝ велеа дека нејзиното однесување е нормално за сите што се нови во санаториумот, а потоа, порано или подоцна, сите се адаптираат на животот во заедницата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потоа ќе ги забележите стаклените шкафови што содржат импресивна колекција на прибор за пушење и предмети во врска со дрога, од разни цевчиња до шампон од марихуана, „liquid XTC“ и смарт друг прашоци, плус две големи кутии со кондоми.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)