на (предл.) - приватност (имн.)

Со донесувањето на Законот за волонтерство волонтерите се здобија со следните права: а) пред започнувањето на волонтирањето во писмена форма да добијат опис на правата и обврските кои треба да ги исполнат и да бидат запознаени со условите и опасностите поврзани за време на волонтирањето; б) да бидат запознаени со општите акти на организаторот на услугите, односно на оние делови кои се однесуваат на волонтерските услуги, за кои се ангажирани; в) да користат средства за заштита при работа согласно со прописите за заштита при работа; г) да имаат право на обука, доколку истата е потребна за обезбедување на услугата која е предмет на договорот; д) право на отсуство за време на волонтирањето, ако за тоа постојат оправдани причини; ѓ) право на дневен одмор; е) право да бидат консултирани и информирани при одлучување за начинот на давање на услугите; ж) право на надоместок на однапред договорените трошоци поврзани со волонтерството (трошоци за храна, трошоци за превоз до и од местото на волонтирањето, трошоци за службени патувања и трошоци за обука) и з) право на заштита на приватноста и личните податоци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
“The Multitude and the Metropolis.” http:// www.generation-online.org/t/metropolis.htm (accessed Oct 27, 2006) 59 Ibid. 45 на влез (т.е.„задебелување“ на границите и создавање на тампон зони); како и зголемената употреба на воен и разузнавачки хардвер, персонал и експертиза за полициските задачи.60
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Пресвртница во трендот на свет со попорозни граници предизвикан од глобализацијата, т.е. зголемениот притисок за преминување на личните граници (правата на приватност) со цел да се зачуваат организациските и националните граници, беше 11 септември.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Затоа своето предавање на тема „Заштита на приватноста на индивидуата со аспекти на релаксација на психолошките трауми од страв за можна репресија во наши услови” го смести во средината на ноември, во еден врнежлив, студен, депресивен есенски ден.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На пример: концептот и дефинирањето на приватноста произлегуваат од истите основни претпоставки, било кога се работи за користење на тоалет или двор.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Уметноста мора да го отфрли славењето на островата на приватност, наизглед изолирани од машинеријата на авторитетот, и мора доброволно да стане шрафче во таа машинерија, слуга на новиот Левиатан кого што го привикува како дух од шише.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)