на (предл.) - присуство (имн.)

Требаше да ја откривам тајната на присуството на секоја книга, на секоја белешка, на секоја тематска група од книги, низ нова книга, која требаше да ме донесе до тесниот премин на времето преку кој се остваруваше враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овој репрезентационализам не може да биде прилагоден или со прагматистичкото настојување дека вистината не е прашање на кореспонденција со интринсичната природа на реалноста, или со деконструкционистичкото отфрлање на она што Дерида го нарекува „метафизика на присуството“.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се чини дека техниката е протеза на интелигенцијата: Колективното мислење што го наметнуваат разните медии веќе е насочено кон поништување на изворноста на сензациите, кон укинување на присуството во светот, на начин луѓето да се снабдуваат со залихи информации коишто го програмираат нивното помнење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Исходот е традиционалното преовладување на доброто над злото, на волното над неволното, на машкото над женското, на говорот над пишувањето, на присуството над отсуството, на проблемот над решението.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Техниката веќе во многу нешта ги прошири нашите животни очеку­вања, физичката околина, перцепцијата и помнењето - со помош на зголемувачи, телескопи, ендоскопи, телефони, фотографии, филмови, генетски инженеринг, пресадување на органи, вештачко оплодување и сл.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За првпат по толку години тој заборави на присуството на телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште повеќе, како што Дерида (1978) укажува, на овие опозитни термини обично не се гледа подеднакво па така вториот термин е фалична или лоша верзија на првиот термин и затоа таа е потисната. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 33
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)