Тамам се расположи, ја одврза шамијата од под брадата, и кога беше готова да се предаде на пријатноста на ладот,чу како нешто во коријата зашуме.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Вака се отвора стремежот и кон еден нов „реализам“, односно кон приближување спрема Реалното, но овојпат кон она лакановско Реално, со коешто се сретнуваме како со „решително порекнуван факт на нечија сопствена смртност“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Просто чувствувам како пријатноста ми доаѓа и пријатно ми е од самата најава на пријатноста.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Со тоа што треба да се подвлече дека задоволството не лежи во традиционалното естетско уживање туку во алертноста на пријатноста да се препознаваат значења што таа пријатност можат да ја потврдат, но и да ја подријат.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Принципот на задоволство во популарната култура му служи на ваквото потискување на смртноста, така што низ смртноста - со која низ поп-естетика се бави новата британска уметност - се појавува потиснатото таму каде што тоа (естетски) и не се очекува.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)