на (предл.) - прозорче (имн.)

Пред него на прозорчето стои шише ракија, го донесе да се опие, но одвај е отпразнето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
16. Наѕирам низ решетките на прозорчето, свртено кон дворот меѓу бараките, и гледам една чета построени момчиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога запре дождот, Цанул излезе, и по некаков кучешки осет, се упати право кон лозјето; се допре до колибата, го залепи окото на прозорчето, ја виде кожата кај што прета, го почувствува нивниот здив, го наслуша нивниот глас, нивното 'ржење и збивтање, му удри крвта во главата, му зашумеа ушите, го грабна копачот и почна да тропа на вратата: ”Излегувајте, мајчето ваше!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не додржав и рипнав ко мачка на прозорчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во гостинската соба на манастирскиот конак седнал Петре, навален со едната рака на прозорчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ги отвори очите. На прозорчето веќе се потпираше светлото зимско утро.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)