на (предл.) - пропаст (имн.)

Кога и да се обиде да ја прикаже стварноста или она што би можеле да го наречеме натурализам, филмот е осуден на пропаст.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Верижен систем на пропаст од кој не се гледа крајот. Ебате животот ништожнички.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Нема врска, група од таков тип и со таква концепција е осудена на пропаст.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Кога двајца ќе решат да создадат семејство треба да се познаваат, да има веќе љубов меѓу нив бидејќи таа љубов ќе им дава сила да ги истраат сите искушенија во иднината. Сѐ друго е осудено на пропаст!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Да си го устроите духот со суштината и елементите на пропаста е уште една залудност, во која неизоставно се губи етичката дистанца и си ја прикачувате јамката на деструктивноста.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Само со користење на зборовите (односно, на симболите) како замена за она што го означуваат можеме да оствариме ограничена размена со светот што е надвор од нас.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто самиот јазик е вилает на симболи по кои посегнуваме кога, на крајот од детството, откриваме дека немаме непосредни средства за искажување на своите копнежи ниту надеж сами да го добиеме она што го сакаме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мораме да научиме да му се опреме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, страсниот човеков порив да најде соодветна форма за надворешно изразување на чувствата – форма што би одговарала на тие чувства и што би била сосема сразмерна со нивната величина и со нивниот интензитет – е целосно заблуден, деструктивен и предосуден на пропаст.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со влакнестите муциња се туркаа едно во друго, исплашени да не се загубат, да не ги раздвојат и да не ги осудат на пропаст.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
13 Но - ах! - осудени на пропаст, стар мој, ОСУДЕНИ НА ПРОПАСТ!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)