на (предл.) - протокол (имн.)

Трчаше по гостите (без оглед на раса, вера и нација), со такт и елеганција, се мушнуваше низ редот на протоколот, ќе им втурнеше в раце фотографија со трн, а за возврат бараше ливче од нив, ливче со потпис, со збор, со слика, со било што и било како.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но да се вратиме на основното: за да може барем правно да ни се одврзани рацете да можеме да работиме, јас барам да ни се даде прецизно толкување на Протоколот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Шефот на протоколот бездруго беше во тек со содржината на пораката, но бараше некаква потврда со која ќе ја потврдеше и мојата вредност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најпосле Англичанецот доби инструкции од својата влада да не инсистира на измени на Протоколот од 1913 година за да не се создадат други гранични проблеми меѓу двете држави во други реони за кои постои заинтересираност меѓу двете страни, а со тоа уште повеќе да се усложни и влоши ситуацијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
За пријателите има секогаш време. И разбирање. Си помислив утешно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дилемите ги прекина шефот на протоколот: - Господине, ќе ве прими заменик-директорот на политичката дирекција за да ја предадете пораката...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Шефот на протоколот ме замоли малку да се стрпам додека претседателот Бургиба не се врати од вообичената утринска прошетка во блиската Ла Марса и потоа да ги прими моите акредитиви.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)