на (предл.) - проучување (имн.)

Тоа првенствено би се однесувало на проучувањето на моторичката контрола и координацијата на рацете и очите, како и на психолошките процеси што се одвиваат за време на читателовото перципирање и запомнување на знаците.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Х.Х., кој како да чита мисли ми вели дека постоеле проекти врз големи платформи, како за вадење нафта од морското дно, да се постават специјални бункери, ама засега тоа е во фаза на проучување и собирање потребни средства.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Досега, на англиски јазик, е направен само еден обид да се обработи прашањето на терминологијата, со публикацијата Dictionary for the Analysis of Literary Translation на Антон Попович во 1976-та година, дело кое ја поставува, иако само во скелетна форма, базата на методологијата на проучување на преведувањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)