на (предл.) - разлика (имн.)

Ние сме свесни дека живееме на Балканот, каде што не престанале мешањата на народите, множењето на разликите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Чистиот јазик беше со однапред јасни и познати излези, не можеше да биде лавиринт, тоа можеше да биде само јазикот со туѓи зборови, јазикот со различни зборови, јазикот на разликите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа е афирмацијата на еден нов вид на поврзување, на колективност која се потпира на признавањето на разликите, на еден вклучителен (т.е. не- исклучив) начин.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Можеби причината беше немоќта да се создаде новиот идентитет на југословенската федерација на народи и народности врз хармонија на разликите, низ граѓанскиот демократски модел кој фаќаше корен во земјите во кои се урнуваше еднопартискиот систем, а не врз хиерархиска предодреденост на народите, врз потрага на конфедерален излез и други амортизери на монистичката исклучивост, која подоцна ќе мине и во националистичка еуфорија за владеење над своите и другите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но не веруваше во прогресот во цивилизацијата, ниту во некаков морален прогрес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој веруваше во прогрес кога се совладуваа границите, наложени од морално поделеното човештво, само хармонизирањето на разликите може да ја оправда човековата егзистенција...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оттогаш си стави копче на пис устата, како по операција на слепо црево, и се зарече да си го изостри јазикот по однос на разликата меѓу блажината на дотокот и блаженството на првотокот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако, пак, работникот, во текот на дисциплинската постапка, биде ослободен од одговорност – имаше право на разлика меѓу надоместокот на личниот доход што го примал и висината на личниот доход што би го остварил да не бил суспендиран (чл. 45, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Заборави; и на раснењето на сите девојчиња, на процесот што го нарекуваше „станување жена“, му додели само едно својство – зависта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во овој роман, со мемоаристички акценти и со силни автобиографски слоеви пулсира една основна заложба или идеја, имено: помирување на разликите!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Францускиот јазик можеби ќе ѝ послужи побргу да излезе од овој маѓепсан балкански лавиринт на разлики!” – дополнила Клементина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Помирувањето на разликите си ги сметаше за судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И неа ја беа обзеле радосни чувства, но ја обзела и мислата за тоа дали е можна реализацијата на овој спој на разликите, како трајна судбина на овие деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаа судбина на разлики, а фатално се оддалечуваа од нив верувајќи дека определбата кон посебноста, под влијанието на другите, ќе ги спаси, ќе ги одржи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)