на (предл.) - раме (имн.)

Партизаните ги прекрстија рацете на рамењата и за миг одекна песната: „Друже Тито, љубичице бела, Тебе воли омладина цела. Друже Тито, љубичице плава, Ти се бориш за народна права!“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А кога ќе го најдеа, бликаа од радост и го гушкаа, му се качуваа на рамењата и тој ги носеше како некој џин, како пастув.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
(Ја зема пред себе, ги клава рацете на рамењата нејзини и како науше пее): Си заљубив едно моме Од малечко до големо, Си го љубев долго време, Долго време три години.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Се разбира, алкохолот е корисен сѐ до оној моменат додека не се напраиш стока и не почнеш да ја замараш околината па да зборат за тебе „Види го овој се напраил труп” и таков флекосан на рамења да те носат до дома со што ќе бидеш предмет на исмејавање.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И така, се чуди Ружа како тоа Американците им оставаат глава на рамења на политичките противници.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ај, го земам војничето на рамења да го носам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едни еднокрилни, други двокрилни. Кој што заслужил. Како славеи ни стојат на рамењата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Лоши соништа ти ја затемниле главата. Таква глава не останува долго време на рамењата.“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)