на (предл.) - расизам (имн.)

Тврди дека кога жените и малцинствата одбранбено си ги смекнуваат различностите, подлегнуваат пред „покривателните барања“ што едноставно ги одразуваат постојните стварности на расизмот, на сексизмот и на хомофобијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За да му се спротивстави на тој притисок, Јошино сака да ни обрне внимание на „мрачната страна на асимилацијата“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-луѓето сега можат да си излезат од плакарот, но во светот ќе напредуваат само ако се погрижат тие нивни нестандардни идентитети да не ѝ се натураат премногу живописно на совеста на стрејт-луѓето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Произлезени од некоја замислена комбинација (макар и генетска), скусени за сексуален и наследен алтеритет, удрени од наследена бесплодност, тие се осудени само да си изградат одново алтеритет отстранувајќи ги сите Други (Франкенштајн - но тоа е и проблемот на расизмот).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако ти си културен, а твојата околина тоне во мизерија, тука нешто мириса на расизам...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, не би се ни нафатил да му ја кажам на Кевин Авијанс – сјајниот афроамерикански изведувач кој во 2000 г. и во 2001 г. одржа две работилници на мојот предмет „Како да се биде геј“ – иако во 2006 г. веќе не беше во своите дваесетти години кога пред еден геј-бар во Ист Вилиџ му ја скршија вилицата пет-шестмина типови што го нападнаа урлајќи антигеј-навреди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)