на (предл.) - рецепција (имн.)

Останав потпрен на рецепцијата, со онаа неверица која нѐ опфаќа во такви моменти божем ни се прави некоја неочекувана неправда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На рецепцијата на зградата, во еден голем подавалник, секое утро имаше топли американски колачиња „кукис“, па јас и ти на излегување од зградата ќе си земевме по неколку.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ми треба една соба, му реков на човекот на рецепцијата загледан пред себе. Го набра плиткото чело над очите и ме погледна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)