на (предл.) - риба (имн.)

Вчера ја закопавме мајка ми и ги откопавме заедничките спомени: вареното млеко без кајмак и со многу шеќер, врелиот сутлијаш посолен со цимет, букетите црвени булки на првомајските излети, облогите на детското чело и гради кои го цицаа огнот, па предупредувањата дека во секоја вода има аждер пред да тргнеме на риба на реката или на капење во градскиот базен, нежните галежи кога од некого ќе добиевме завратница за спомен и долго сеќавање...
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Паралелата ќе беше дури и поблиска модерниот знак да содржеше и цртеж на риба!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
за познатиот хермафродит Ann Malreaux која самата себеси се оплодила и сега очекува дете; можам да ја прочитам автентичната исповед на канибалот на кого децата му се најомиленото јадење на менито бидејќи имаат вкус на риба...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Лицето на ситната жена со песочна коса беше добило јасно црвена боја, а нејзината уста се отвораше и се затвораше како уста на риба на суво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мириса на нафталин, на маслинки, на риби, на масло.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најбогат беше асортиманот на рибите и морскиот свет. Од сето она што се нудеше овде, не можев да забележам само месо од китови веројатно и од ајкули.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Коса ја носеше идејата дека целиот нов култ на млади се појави благодарение на крајот на времето на Рибата и почетокот на времето на Водолијата - и навистина изгледаше дека клинците прифаќаат такво нешто.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа беше вистински општествен настан во андерграунд светот, бидејќи толпа луѓе од Макс и од нашите филмови беше во него...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ве носам на ручек во оној ресторан кој се наоѓа на најголемиот сплав, и тоа на риба подготвена на скара. Јас честам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Воздухот е презаситен од миризба на јагниња што се печат, на риби што се пржат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Требаше да станеш од рано-рано. Да се нацрташ пред школската зграда некаде во шест сатот, ко да му се токмиш да одиш Стрежево на риби.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Си мислеше: - А сепак, јас имав право кога велев дека на Рибата ѝ е поубаво.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ако требаше да го стокми чунот и да оди на риба откога ќе заврши акшам намази, четвртата муслиманска молитва, тој веќе знаеше на кое место мрежата ќе му заграби најголемо јато белвици, а каде крапови и костреши.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сегде, па и на главното џаде за Струга кое беше исто врз мост, од кој подолу имаше стотина далјани за риба, и таму секој што влегува или излегува од градот плаќаше пазарна такса или десеток на риба.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На рибите што ќајата ги одделуваше за санџак-бегот, почна да става по еден засек кај опашката, божем случајно, но, за тој што сака да види - нели јасен знак на поздрав и колнење на верност?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сполај му на господа, што ќе беше ова чудо, зборуваа луѓето и грабеа на рибите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се смрди селото од риба; замириса сѐ на риба: и алиштата и постелите по куќите, и садовите, и водата за пиење, и млекото, и здивот на луѓето, и изметот; ги солеа луѓето, ги ставаа во грнци, во каци, во сѐ што имаа, ги сушеа, а скапаните им ги фрлаа на мачките што се накотија и изнадојдоа од сите села: мораа после со пушки и со отров да ги ништат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Потоа рече господ: да создадеме човек по своја лика-прилика како што сме ние и кој ќе биде господар на риби морски и птици небески и на животни од сета земја и на ѕверови што се движат по земјата ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не беше ли така кажано во Библијата што мајчето Минадора ни ја читаше еднаш во годината?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Човекот во престилката и Живко се испоздравија како да служеле заедно војска, но Живко сепак стаса да му спомне на Предо да ја паркира колата во најдлабоката сенка, зашто овде сонцето особено печело напладне а ние може ќе се задржиме дотогаш, мислејќи притоа на месото посолено со црн пипер и на рибата обложена со коприва.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дедото одеше на риби, но не за да фати риба, туку да му поминува времето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Си го стави дедото грнето во торбата и заборавајќи сосем на рибата брзо, брзо замина дома.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Си мислеше: - А сепак, јас имав право кога велев дека на Рибата ѝ е поубаво.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)