на (предл.) - свекрва (имн.)

Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ве молам, - ѝ реков на свекрвата, умилкувајќи ѝ се, - доволно долго ве гледам како ме раните во оваа куќа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Решив да ѝ се умилкувам на свекрвата за да не забележи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја подигнав чинијата за да ѝ дозволам на свекрвата да ја нахрани мачката, но мачката стана и тргна накај другиот дел од долапчето, близу до мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сите сте добро? Децата? Мажот? Мајка ти? Добро сме. Сите сме добро.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А и месо не мораш да јадеш ако не сакаш, кој те тераше? - и ми го сврти левиот образ.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Светлината од телевизорот му го осветли лицето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мачката веднаш не ми се допадна. Имаше огромно, тркалезно лице, слично како тоа на свекрва ми, па и на Дино.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се знаеше местото на мажите, на жените, на свекрвата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)