на (предл.) - свештеник (имн.)

Елеазар бен Цви пред очите ги гледа ликовите на првите владетели што во новата земја ги обединија еврејските племиња и на свештениците на единствениот бог што водеа битка со првосвештениците на паганските култови на богот Баал и на божицата Астарте, ги гледа нивните жртвеници и необични ритуали во кои на овие божества им жртвуваат крвни жртви, обезбедувајќи, по сите колебања и пресврти, доминација на единствениот, на Мојсеевиот бог и на неговите свештеници, на рабините од древните времиња благословени оттогаш, па сѐ до денес, сѐ до него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наликуваше на доктор, на учител, дури и на свештеник, повеќе спремен да објаснува и да убедува, отколку да казнува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од 332 до 331 г.пне. ја освоил Сирија (по седумесечна опсада го зазел Тир 332 г.пне.), го освоил Египет (заминал во оазата Сива каде се наоѓал храмот на Амон каде од страна на свештениците бил пречекан како син на богот Амон), ја освоил Месопотамија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
- Колку просјаци има пред црквите кои молат за 10 денара кога пред нив се паркираат високобуџетни климатизирани џипови од најнова марка - му рече Метакот на свештеникот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)