на (предл.) - свијок (имн.)

Горе, на свијокот: се проби во шумата сноп светлина од фарот на камионот предводник на колоната.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Прескокам еден водоврик на свијокот и туку се зададе некое силно брчење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И од камионите пискливо, растреперено, плачливо: - О-о-о-!!!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На свијоците ги шири крилјата како авион, скока и креска колку што му држи гласот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И, како што велиш, ако поминат таму, на Вичо, тогаш на каква кривина ќе се најдеме?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Камионите тргнаа. На свијоците ги броевме. Дваесет и пет.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)