на (предл.) - севишен (имн.)

Просторот на Севишниот се очовечува.  Сфаќаш: далечината е емотивна категорија.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Гита го жали: во пролетниот календар на гибелта, некогашниот прв човек на заедницата, сега само странец во еден голем ориентален град што никогаш наполно не го прифати за свој, поранешниот главен рабин и претседател на општината на Салоника ги брои писоците на локомотивите што ги најавуваат транспортите на живи луѓе, откорнатици со извесна дестинација, но и неизвесна судбина.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Стивнати хакхами мислат на одведувањето на Израилот во вавилонското ропство и на повторената судбина, барајќи со сета моќ на своето примерно духовно поимање, среде општиот очај, викот и пискот - причина за суровиот гнев на Севишниот, додека хазаните, псалтирите при синагогите го мислат кадишот, молитвата за умрените што, чувствуваат, отсега натаму ќе биде непрекинато кажувана.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)