на (предл.) - септември (имн.)

Маријанти си отиде при крајот на септември и наредниот ден веќе не го слушнавме острото ѕвонење на парчето шина кое нѐ будеше во раните зори и трчаница, сѐ уште по мрак, носејќи го сонот во заспаните очи, моравме да се построиме на плоштадот и со строев чекор што побрзо да ја заземеме малата лединка лево од касарната на која секое утро, во пропишано време, припадниците на албанската воена морнарица истрчуваа на утринска гимнастика.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Врз основа на претпоставките операцијата требало да започне во првите денови на септември.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Струмичката жупа, во српското со хрисовула се потврди во имотот на Хилендар, па секоја година на двапати, во половината на септември и во половината на март, сѐ што се збираше од народот се носеше во Хилендар, и тоа беше утврдено со оловен печат за да не се измрда.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Она исто сонце кое го инспирира и големиот унгарски поет Шандор Петефи да ја напише својата најубава песна „За крајот на септември“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имаше петнаесет години, полни. Беше средината на септември и земјата започнуваше да гори со есенски бои.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тие денови, средината на септември, кога Методија веќе разбрал што се случило, дека Симон е уапсен и зошто е уапсен, подработувајќи на гробот на Борко на завршните работи, како што велеше тој, го пројала мислата за она што го открил Симон и тргнал да го види со очи самото место спроти долнечките гробишта.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)