на (предл.) - слух (имн.)

Јас пак се наведнав над листот, но со онаа напрегнатост на слухот, што траеше дури до муграта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Човекот се тресеше со дигната рака кон челото и очекуваше, но секаде, до кај допираа пипалата на слухот, се постилаше недогледна рамница на тишина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој шум, сред оваа неначната тишина, добиваше размери на експлозија и за сѐ живо, а притаено во долината, беше настан, беше напнување на слухот, потреперување на срцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Светот застана. Тишината беше толку неизмерна и неверојатна, како да ви ги наполниле ушите или како да сте го загубиле сетилото на слухот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)