на (предл.) - случка (имн.)

Тешко ми беше, но својата вина ја признав дури десетина години подоцна, кога веќе не дозволував да бидам тепан и кога на случката можеше да се гледа само како на еден безначаен, смешен настан од детството.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ние сме во средиштето на случките и патките 79 дојдоа да гледаат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Иии-сусе, Адријан, неговите очи како сини планети, седи како стрела исправен и вика „Пет“. Пет? Пее? Лет?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ме интересира само тоа дека сева работа со мене наполно личи на случката со Кирил.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сакам да бидам сигурен дека не се однесува за мене и дека не ми се готви реприза на случката со Кирил Ацев.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Настанот се одвива во „real time“ доколку печати, емитира, покажува на екран, анимира, свири, користејќи ја истата пресметка за време и траење на случката како и не-виртуелниот свет. 104 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа синтагма се користи кога дигиталните настани (на пример интерактивното емитирање) се одвиваат како да не се наоѓаат во во не-виртуелна околина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа знаеше што барал под креветот но не сакаше пак да го потсетува на случката и да го срами.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)