на (предл.) - снежинка (имн.)

Квечерината беше многу побескрајна и се спушташе понеумоливо од врнежот; во неа исчезнуваа дури и меките допири на снежинките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога Пелагија и Чана стигнуваат под Калето во Фестивална снегот е веќе повеќе од педа наткренат над земјата, а густината на снежинките што паѓаат вртложени од северот не дозволуваат да се опфати целиот незавршен објект, се наѕираат тук там некои контури како издвоени целини и заедно со црната зејната уста што требало да биде огромна порта од предната страна, во исто време внесуваат црно неспокојство во двете жени.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Трепереше над виорењето на снежниот врнеж, тој колеблив ден, а тука некаде, до каде што достасуваше скусениот поглед, неговата виделина се спрепелкуваше во снежинките, што кружеа, се испрепелкуваше во нив, денот просто исчезнуваше, сопнат, и веќе го немаше, оставајќи ја на своето место само таа густа и мека ткаеница на снежинките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се продолжуваше нечујната трпелива игра на белите црешови цутови на снежинките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога беа на она место, каде што виделината на тој спрпелкан ден сосема се изедначуваше со врнежот, оние двајца толку се затскрија зад густата чипка на развиорените котолци на снежинките, што тој сега сети и како го штипкаат очите од таа напната и упорна загледаност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Место сето тоа, тој само зграпчи една рака од таа црвеникава мека раздробеност, а после ја пушташе да му се рони меѓу прстите, паѓајќи исто онака безшумно, пепелаво и право, како и густите ситни преспи на снежинките во прозорецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)