на (предл.) - состанок (имн.)

Планот за дејство на единиците на 15. НО корпус за ослободување на Западна Македонија бил подробно разработен на состанокот во Охрид со Штабот на корпусот и штабовите на дивизиите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Одлетале од некој таен аеродром во Канада на состанок некаде во Сибир и конферирале со членови на Евразискиот генералштаб, на кои им предале важни воени тајни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше вечери кога тие ќе стигнеа на местото на состанокот и мораа да се разминат без ниту еден знак, затоа што од зад аголот токму тогаш ќе се појавеше некоја патрола или некој хеликоптер ќе им забрчеше над главите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во спротивно да не нѐ вознемируваш на состанокот!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Така и се реши на состанокот на Партиската ќелија, нели, - се сврте кон бригадирот и овој неколку пати климна со главата, потврдувајќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Збровите со кои се трудеше да ме одбраниш умни ти беа, батка, и добро обмислени.: „Афериве што се обидуваме да му ги припишеме на наш Боге, тврдам јас, се обични скалила од чад по кои се обидува неговото машко его да се покачи повисоко од другите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас го реков тоа, или ти му се обрати токму со овие зборови на оној силен состав од умни партијски глави на состанокот што беше свикан со една единствена цел јавно да бидам кастриран?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие се набележани во упатството што треба да пристигне! - им довикна таа пред да ја затвори вратата!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
-Нема потреба да ги утврдувате вашите права на состанок.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми го сечеа патот, ме пречекуваа во темни улици и ме прашуваа колку е часот, ме прислушкуваа на стадионот, по продавниците и на состаноците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сите да дојдат на состанок во училиштето, им порача пандурот на селаните.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Учителот го повикале на состанок в град.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Прости ни, чичко Темелко, заборавивме да те поканиме на состанокот“, се извинуваат Војче и Весна.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се запознавме во дворот пред зградата. На состанок на станарите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во стилот, како е кај вас, граѓанко, во поглед на дефектите на водоводот и канализацијата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)