на (предл.) - сочинение (имн.)

Средето на семирот го поместувам за една педа, за стапка една мравкина, за да ја сокријам од очите на ѓаволот, за да го направам невидливо она што е видливо, записот втор, втората душа на писмото, на сочинението кобно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И зрното на сочинението, првиот ред, како и зрното пченично се сеќава на некоја мината пролет, се сеќава на претходните сочиненија во кои бил настанет, па еднакво постапува како и тогаш, и раѓа еднакви и себеси подобни зборови, гласови и редови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем фати угоре по карпата, низ текстот, низ сочинението, оти освојувањето на сочинението е качување по гора, освојување на врв најизвишен, врвен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)