Според нив претставниците на сојузниците на Блискиот Исток не биле наклонети за соработка, бидејќи тие не можеле да сфатат дека:  „а) СОЕ може да игра важна улога во војната и дека,  б) најголемиот дел од оваа работа не може да се изврши од претставници на британската националност и дека во сите случаи работата подобро ќе биде извршена од националностите на односните земји.“
               
             
           
            
            
              „Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
               од Тодор Чепреганов 
              (2001)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Истовремено конгресменот остро зборувал и против Луис Адамиќ, сметајќи дека тој е крив што американската јавност погрешно е известена за Михаиловиќ.  116 Кон крајот на септември 1943 година владата на Божидар Пуриќ од Лондон се пресели во Каиро, а го напушти на 9 март 1944 година.  118 Ла Гвардија во американската јавност беше познат како политичар со напредни идеи, на кој социјалистичките и комунистичките идеи не му беа непознати.
               
             
           
            
            
              „Македонија низ нишанот на САД и Британија“
               од Тодор Чепреганов 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Сите преземени воено-политички мерки од страна на ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПО на Македонија, кон крајот на 1944 година го заокружувале процесот на формирање на македонската војска која капитулацијата на фашистичка Бугарија ја дочекала како респектирана воена сила од страна на сојузниците, а на политички план ја верифицирала дотогашната борба на македонскиот народ за формирање на држава како пиемонт за обединување.
               
             
           
            
            
              „Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
               од Тодор Чепреганов 
              (2001)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Тој, на 13 март 1944 година, го известил Пуриќ дека конгресменот Безби зборувал во Конгресот на САД, предупредувајќи ги членовите на ова претставничко тело дека е важно американскиот народ и Владата да слушнат кој е Михаиловиќ пред да се донесе одлуката во Лондон што „може фатално да ѝ наштети на неговата извонредна работа, која од почетокот им користи на сојузниците“.
               
             
           
            
            
              „Македонија низ нишанот на САД и Британија“
               од Тодор Чепреганов 
              (2012)