на (предл.) - споменик (имн.)

Тој е закопан во своето село, има споменик а на споменикот црвена ѕвезда.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тогаш ја забележа девојката како стои во подножјето на споменикот и чита, или се преправа дека чита еден постер излепен спирално нагоре врз столбот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но на спомениците што ги откривам испишани се имиња на некои сосема поинакви народни херои.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Десно од нас истопорен на мермерен постамент – Коте, оној легендарен грчки паликари - јунак, кој за неколку јудашки златници со два прсти подадени од костурскиот грчки владика Каравангелис, го обезглави Лазо Поп Трајков. Котас, пишува на споменикот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)