на (предл.) - старост (имн.)

Таа на старост се мачи, ги израсна децата како арслани и еднаш во својот живот ќе прави радост и ќе ја прави сите да ја видат, некои да ѝ заблазат, други да ја оговараат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Отпосле се запрашав: и да стоев пркосно како цуцул до последната станица само на едната нога, ќе ги избришев ли како што се брише потта од челото, знаците на старост што момчето ги виде во моите очи?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Нешто се тресе во водата ладна стружанка млада широкоградна камен од бубрег во бешика спадна голем ко орев го измочав падна Во Струга сакам и плажа да имам да не плаќам данок пари да зимам езеро чисто јас да благословам нелегално пастрмки со мрежа да ловам Оф леле леле либе ле Дримот ги лади јајцата две виршлата веќе одамна се свари за тебе ќе пишам на старост мемоари Донеси либе пиво од туба да заблажам душа и слатко од дуња облечи вечер свечена руба од сите ороспии да бидеш најубаа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
- А ти правиш на старос магарос, - забележува Боце меко, како да му се смислил.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Може да се допушти оти таква војна може да се очекува, зашто во комитетите има членови не само Македонци, ами и Бугари, и последниве никојпат не ќе се согласат со новото течење, зашто со него ќе се закопаат бугарските интереси во Македонија; исто така има и меѓу Македонците членови на комитетите лица што ќе расудуваат вака: Сега на старост ние не можеме да учиме нов јазик: бугарски знаеме и бугарски ќе зборуваме, – ние сме Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој им одговараше: „Не се оженив кога требаше, на младост, што ќе ми е сега на старост...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ти млад остана до денес не познавајќи ги ни болката на поразот ни пустошта на староста.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Јас не сум уште неатрактивна, но знаев дека не сум онаа Луција што бев, и тоа беше сосема нормално, оти јас, за разлика од Јан Лудвик живеев во светот во кој времето течеше, и сѐ беше предвидливо, дури и бавното доаѓање на староста.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вистина, остана еден печат на преуранета зрелост на нејзиното лице, што пред тоа го немаше, една одвај видлива сенка на староста, прв бран на созревањето, и јас знаев дека тоа веќе не е онаа моја Луција од разбојот, од гимнастичката сала, тоа златно дете чии носници се ширеа по доскокот како кај уморно но весело коњче; но бев среќен што тоа е сепак Луција, макар и една друга Луција; ми се чинеше дека сум задоцнил, дека нешто ми е одземено од првата за да ја добијам оваа втората Луција, но мојата љубов во ништо не се менуваше; дури може да се каже дека сега во оваа Луција ја сакав и претходната Луција, и сегашната; јас сега сакав две Луции, и тоа беше невозможно да се поднесува без допир со Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гласот на Турчинот веќе не бил туѓ, шуплив некако, издупчен од молци на староста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ништо. Само едно сивило над кое поминал пожарот на староста и ги изгорел боите и сигурните линии.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Стоев во двоумење и мислев дека од моите очи розга крв што почнува да ги копа на моето лице првите бразди на староста. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Оди си“, се наведна. „Кажи им дека сум овде, дека ги чекам да дојдат и да ме запалат. Во детството ме апнала змија.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпосле, само тој ли ќе јаде? Ѝ рекол дека очите му се покриени со пајажина на старост, дека не ќе види кај свршува кожата и кај почнува месото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаел што ќе се бара од него: секогаш на денот на свети Никита бил дерач и готвач во манастирот, сега ќе дере и ќе сече месо а во него се буни нешто, стар е, не сака утре никој да го проколнува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се надеваше оти Али Фетхи набргу ќе се врати во Истанбул, тој остана рамо до рамо да се бори за нова Турција од првите битолски идеали на младоста до позлатените идеали на староста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Согласно ЗВ од 1987 година, ако за одредено работно место се јавиле повеќе кандидати, се утврдуваше приоритет при вработувањето 70 врз основа на критериумите како време на чекање (50% од бодовите), успехот во школувањето (20%), социјално-економската состојба на невработеното лице (15%) и други критериуми како здравствената состојба на членовите на потесното семејство, бројот на издржувачите во потесното семејство, годините на старост на лицето и други.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кревката млада кожа, оптегната преку черепот, почна брзо да се брчка, на челото му се појавија првите оросени бразди, несвојствени за неговите триесет и пет години, предвесници на староста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Мислите му завршуваа до големото езеро крај кое се истркалаа неговото детство и младоста, со надеж дека ќе им се врати на старост. Пуста балканска надеж!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беа првите знаци на неговото тешко поднесување на староста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јас сум имал прилика да видам и на старост да им се роди дете на некои. А вие не сте стари.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)