на (предл.) - ствар (имн.)

Затоа таквата логика и го бараше објаснението на процесот или на движењето на природата, општеството и на самото човечко познание во една причина однадвор, го гледаше само механичкото дејство на стварите, идеите, тенденциите на општеството, природата, науката, уметноста, политиката итн. и тоа една врз друга, една по друга, но не и една од друга, не нивната раздвоеност и целокупност, туку само раздвоеноста, само идентичноста.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
5.  Разделот три од овој Закон носи наслов: Извршување заради наплата на парично побарување – и во Главата XII [„Извршување 152 врз подвижни предмети“] се предвидени извршните дејствија: попис, процена, пленидба, продажба на стварите и намирување на доверителот (чл. 85, ЗИ). 153 Вујошевиќ против Сојуз на синдикатите на Македонија Спор за неисплатени плати и надоместоци1 De rebus litigiosis et convenire et transigere possumus.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој записник може да го разгледа само повисокиот суд кога решава по правен лек, и во тој случај записникот повторно ќе се затвори во посебна обвивка и на обвивката ќе се назначи дека записникот е разгледан (чл. 120, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Требаше Хегел да ја „одухотвори“ материјата, нејзиното движење да го прикаже како движење на логичките категории, па да се дојде до поимот раѓање и настанување на стварите една од друга, и секое движење да се сфати како самодвижење, настанување, живот, како слевање на спротивностите.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Нема потреба да се објаснува дека Хегел под движење на логичките категории на „светскиот разум“ во мистифицирана форма го објаснуваше движењето на стварите и појавите на објективниот свет.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
еБај – купување преку Интернет на ствари што се ефтини, а де факто не ти требаат.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)