на (предл.) - студ (имн.)

И кога почувствува дека догорчето му гори прсти, ја истресе пепелта и како да се жалеше некому, рече: - Навикнавме на кал, на студ и дожд, на глад и жед, на магла и виулица, на вошки и нечистотија, на тресокот на бомбите и рафалите, на страдања, на крв, на болка и на ранети, на сакати и мртви, да нѐ убиваат и убиваме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој реши да ја испрати до станицата на подземната железница, но одеднаш тоа одење по неа на студот му се стори бесцелно и неподносливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стисокот на ремените околу неговото тело повторно стана цврст, но болката беше исчезнала, а тресењето престана, оставајќи му обично чувство на слабост и на студ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И после толку многу години талкање и осаменост се појави од некаде, затскриена, уникатна, комплексна, енигматска, екстравагантна, филозофска, авангардна, искрена, сензибилна, шармантна, со целата своја гламурозност и раскошност воскресна „големата слика на љубовта“.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во свежите и остри утра и уште постудените ноќи сјајот во едни веќе далечни очи ме запозна со топлата страна на студот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кучето го напушта коренот на оградата потерано од камшикот на студот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
ЗИМСКИ ШУМОВИ Декември изненаден од нечеканиот шум на студот ја свива кожата на градината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Десет години ти ја носевме тежината, месата и коските, се извиткавме, се подгрбавевме од таа тежина, десет години ти ги носевме радостите и тагите, лудиот и порочниот живот, ти го носевме доброто и лошото, личното и грдото, треперевме на студови и дождови, одевме на свадби и погреби, на промоции и слави, а сега, во туѓа земја, во туѓ град да си ја докрајчиме живејачката, фрлени грдо, безмилосно, жално, срамно и позорно...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Снегот толку ретко доаѓаше во нивниот град - Илчо едвај го дочека, па реши да не му се плаши на студот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Штипкањето на студот кое кажуваше дека температурата паднала под дваесеттиот и некој степен го сети само на носот и на горниот дел од образите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дојде лута дома. „Јас, рече - ги честам од супата и репете им досипувам, ај греота се на студот качени по скелињата, а тие мене за мајтап ме имале!“ и извади од џебот розови купончиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги стресов оковите на студот од себе подивен и тежок, и навистина, со олово во себе, успеав да потрчнам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И така, спикан зад тоа пусто тезге од расчаталени штици, меѓу грнците што се пореваа и превртените тави што стануваа капаци на цреповите за џвеќиња, Петре го доживеа тој земјотрес на јаничарскиот бес и сила, и самиот како некое цвеќе што венее брзо на студот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ДЕПА: Нека дојде Панде и сите ќе излеземе, што ќе седиме надвор на студон!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не ми даваат да мислам на студот, на подноктицата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се смолзгаме сега од вагоните со бавни движења, како гуштерици на студ: ни коска се мрда, ни жила се витка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секое трнче и поточе, секое лединче кај што сме седнале, јаготките што се зацрвениле како детски обравчиња на студ...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во долгите зимски ноќи - калливи или виуличави, закитени со мразулци или уште неоладени од испливиот здив на студот - ловечката страст е поврела и понеобична кај селаните.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со него, паралелно во ист ритам, одеше и неговиот бик Чако, разјарен, лаком во своите потреби, кој подгонет од неудобноста на студот, веднаш јурна низ угорницата, без да го почитува својот стопан.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Секавиците на студот, како остри мразулци, ѕиркаат од твоите очи, покажувајќи го разочувањето пред јавниот поглед на луѓето – му објасни старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)