на (предл.) - тас (имн.)

Ја кладоа на кантар Јовановата тринаесетгодишна „б'лгарштина"; ја кладоа и тригодишната „српштина", но последнава натежна некако по Милановата преценка, та Јован беше принуден да фрли уште сто лири на тасот од бугарштината за да се израмни со другиот на кој беше неговата српштина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Изгубен во осаменоста ќе беше малиот Дом Без оној дрворед од сомненија И без приказната што ти ја принесуваат Духовите на тас од ветрови прачки Завиткани во срма од месечина, Негде во предградијата на реченицата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Без исклучок, сите, секогаш, и у секоја пригода ги споредуваат двете крајности и на тасот „Македонија“ дополнително ја товарат носталгијата. А како се дефинира таа?
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)