на (предл.) - твој (имн.)

Еден, па уште еден поглед од врелите извори на твоите очи. Плус, нежно намигнување.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Па како да се присети нешто се обрна веднаш кон Ѓура: — Најпосле, нека биде на твоето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ајде да се фатиме кусо долго кој треба да биде прав, а кој крив пред судот, — предложи Шаќир и веќе скина од метлата две сламки — една подолга — една покуса и ги стисна во раката: — Ајде, тегни, подолгата е живот — покусата смрт.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ти на твоите ќе им кажеш дека си сместена во студентскиот дом.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Звук на твоето дишење. Реката течеше под ниски камени лакови.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Која родословна гранка сега ја смислуваш, на кој Лепи Лаза ликот му го дотеруваш, на кој внук на која внучка ѝ го исцртуваш гранчето и на гранчето пратчето и врз пратчето името и сѐ што ѝ прилега, како што треба да му прилега на длабокиот корен и на богатото стебло на твоето родословие?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Откако сосема го повлече стапот во дупката, Зајачето му викна на Волчко: - Се предомислив, не излегувам, не им верувам на твоите остри заби!
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
ТРОШЧЕЈКИН: Му завидувам, гулапче, на твоето спокојство!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ВЕРА: Да, знам. Да бев на твоето место, јас одамна ќе се разведев.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Како пред очи ќе им излезам на твоите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Да, да, - се засмеја Бузо. - Кажи им на твоите. Развесели ги побргу!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се преселив во зениците на твоите очи во урнатините на омразата рти формулата на нови откритија...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но, не...има ли мегдан во урнатините, за да се исповедаш ти грешнику со немата заповед на совеста, под кормилото на твоите сништа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Откако собра сили и ум, и виде оти е сам, толку беше при себе, повторно продолжи да ѝ се заканува на реката: „Ти нема спас, и тебе и на твоите јагули, кои ќе ми оделе божем во капиталистичките мориња и ќе ми се враќале оттаму!!! Прикаски за деца.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)