на (предл.) - тврдина (имн.)

Сонцето се беше поместило и безбројните прозорци на Министерството на вистината, без светлината на сончевите зраци врз нив, изгледаа мрачни, како пушкарници на тврдина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од терасата на хотелот „Дуна“ се восхитував од убавините на тврдината на аласите и на Кралскиот дворец, во кој е сместена националната Уметничка галерија на Унгарија, уживав во ладните пијачки и, навикнат на секој чекор во Будимпешта да гледам убав, млад свет, не ме зарадува глетката на терасата која, буквално, беше окупирана од старици, облечени во шарени алишта, та дури смешни, и помислив - остарела Будимпешта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Седната на еден од ѕидовите на тврдината со цигарата в раце, Јана влечеше долги и полни димови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Квечерина ја раздиплуваше известената војничка карта И на неа се мачеше да го распознае својот глас Врз полегнатата војска низ полето Ја корнеше мовта, го соголуваше камењето на тврдината Раскопуваше низ полето, ги чистеше рововите, И некаде на залез, студен ветер кога надоаѓа од замаглените ѕвезди, Тој долго стоеше простум и со војнички поздрав сам си ја пееше песната некогаш што ја пееја неговите момчиња: Отвори ја вратата, можеби ноќва ќе се вратам...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Одовде се гледа целото населено поткале, многубројните маала, убавите куќи и сокаци послани со бела калдрма, а реката, таа е во провалијата, страшна и бујна, таа ги лиже ѕидиштата на тврдината, западно од неа, ги лиже како куче раните, се витка пред господарот, цивка, и веднаш заминува по задача.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Реши да се качи на тврдината, па што сака нека биде.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Проучувајќи ја историјата пред нас, најдов некои византиски списи во историјата на Никита Акоминат, за вашите самостојни господари на тврдината Просек. Добромир Хрис и Добромир Стрез, така ли се викаа?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога ќе се затечат во градот Скопје луѓе на славниот маченик Христов Ѓоргија, тие не работат никакви државни работи и нема над нив власт, ни судски чиновник, даночник или управник на тврдина, ни пазач на магацини, ни собирач на соколи, на коњи, на пци, или кој и да е друг чиновник. Тоа запомни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој го крена погледот кон наштрбените рабови на тврдината, втоната во разбрануваната светлина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Често се пијанеа, меѓу ѕидините на тврдините, но и такви не можеа да го избегнат шумот на водената пустина. Беа отсечени, се раѓаа и умираа сами, беспомошни.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Никој ни да помисли на бунарот од врвот на тврдината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По една од своите прошетки по Калето, Чанга се заинтересира дали татко ми има книги во кои се зборува за минатото на тврдината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но кој можеше да претпостави дека Чанга ќе ги заѕида влезните врати од скривалиштата, и така ќе ги затвори сите пристапи кон утробата на тврдината?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Обмолчен е Домот на боговите. Под кулите на тврдината Саксауман во Куско кога молчат, сите молчат на кечуа, главниот јазик на царството на Инките и молкот на сите им е облечен во промена од слезова боја.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Под кулите на тврдината Саксауман во Куско уште се негува моќта да се верува - да се верува, на пример, дека религијата и војната всушност се лице и опачина на еден ист медал, - и да се верува,уште, дека секоја победа е толку слатка колку што секоја борба, уште не почната, е попуста.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Вујна Клементина ѝ ја беше раскажала албанската варијанта за жртвуваната жена, на тврдината Розафата, на својата внука Ервехе којашто таа никогаш не ќе ја заборави во животот и ќе си извлече сопствена поука, но сега, накусо, ѝ ја раскажа и на мајката Амелија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Заѕиданата мајка, принесена како жртва во темелите на мостот, на тврдината, од страна на своите девери, за да не се урива градбата, барала да се отворат дупки за да може низ нив да се дои чедото од градите на мајката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)