на (предл.) - терезија (имн.)

Ама овојпат, иако тој не го забораваше оној стар ферман, со оловен печат, дојден од султанот до дедо му славниот Исхак-бег кога овој стана заповедник на Скопје, пишуван со рака и во футрола од ѓон, а во кој султанот умно ги опоменуваше своите намесници да не се перчат многу и да не се подаваат на суетата, зашто да бидеш господар на еден народ е исто што и да седиш на терезија со два таса, тој сепак не ја менуваше одлуката: првин затоа што потурчувањето на ибн Пајко ќе одекнеше силно меѓу колебливата раја, а второ, затоа што и самиот султан, покрај сите совети, даваше и уште еден, кој сега многу му одговараше на Мехмед-паша: „Својата сабја сепак секогаш држи ја остра!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Љубовта е триумф и не можеме да ја ставиме на терезија и да ја мериме и немам срце да те лажам, зошто знам дека ми веруваш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тогај свјатии ангели, што ме водеха, туриха от моите добри работи на терезиа, и што не достигна, туриха от това што ми хариза свјатиј Василиа мој духовник.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И јас ти верував тебе, зошто го сруши тоа што го градевме, тоа за што се боревме, сонот што го сонувавме, зошто на нешето патување ваква болка чувствуваме?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)