на (предл.) - терор (имн.)

Нагласувајќи дека „официјалните и неофицијалните негирања не можат да ја скријат од американската јавност антинародната политика на сегашната Грчка влада и трагичната судбина на македонските Словени“, членовите на Македонско-американскиот народен сојуз барале грчкиот амбасадор Дијамантопулос да ја информира Грчката влада во Атина за ставот на „десетици илјади Американци од македонско потекло, како и милиони слободољубиви Американци“ кои „се многу вознемирени од овие настани“ и „да биде ставен крај на теророт на профашистичките банди“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Завршувајќи го протестното писмо, членовите на Македонско-американскиот народен сојуз се надевале дека "на грчкиот народ наскоро ќе му биде овозможено да создава вистинска демократија и остварување на целосни права на Македонците во Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Да ги премавнува сите пречки на нашата пропаганда и да пропагира на дело - ете ја задачата на теророт што ќе го сееме.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За тоа најмногу докази наоѓаше во книгата Боговите се жедни од Анатол Франс, која постојано ја читаше и чие дејство се случува во периодот на теророт на Француската револуција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Да се ликвидира по пат на терор?“ — паѓаа предлози.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На крајот се донесе паметното решение: да, се прибере Толе во мрежата на Организацијата и да се исползува, како неговата лична храброст, така исто и неговиот легендарен авторитет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)