на (предл.) - толкување (имн.)

Навика да се биде во полумрак! Дволичност - малограѓанска мера за видливост! Во прашање ли е аголот на толкувањето?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Островот или наследените односи, воспитанието на почит и разбирање меѓу поединците во секоја верска заедница, што се негуваат од генерација во генерација, се тие што се чуваат како пламенот на домашното кандило, како реликвија, како највисока светија, како стара, наследена икона во домашниот иконостас, како свитокот со цитат од Тора поставен на влезот од секој дом од некоја поранешна генерација закинтски Евреи?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На Закинтос, се сеќава Карер на толкувањето на татко му, тие односи отсекогаш биле толку блиски што зад ѕидовите на еврејското маало живееле не само јудејски, туку и православни грчки семејства.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сиот преостанат живот му го посвети на толкувањето на старите сиџили откривајќи ги нишките на прекинатите континуитети на бројни семејства на Балканот, со помешани корења, вери, судбини, семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Иронијата го памти искуството човекот заборава…  Кој владее со светот ја знае моќта на јазикот да мислиш едно да кажуваш сосема друго…  Опстанокот е уметност на толкување на фигурите на јазикот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)