на (предл.) - топола (имн.)

Сега појасно од секогаш го слушавме тивкиот шум на лисјето на тополите во досег со водите на реката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Далечниот Пелистер одвај се оцртува, нежно, бледолилав, крушовските планини, таму кај што заоѓа сонцето, ги прекрива просто една трепетна виолетна завеса, сенките наваму стануваат сѐ поизразити и позатворени, се гледа секое прозорче во градот, во кој се издига на безбројно места темното зеленило на тополите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе заспие страчка в гнездо, а тој, ѓавол, ќе се качи на топола и ќе ѝ ги извади јајцата од под опаш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А знаев и зошто, но сепак ја прашав: - А зошто им се лутиш на тополите, Билјана?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)